петок, 13 ноември 2026
Најново

Орбан: Додик е осуден затоа што одбива да ја игра играта на Брисел

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто денес се сретнаа со претседателот на Република Српска, Милорад Додик, во Будимпешта, а Орбан по состанокот објави дека Додик е осуден затоа што одбил да ја игра играта што ја игра Брисел.

„Милорад Додик, претседателот на Република Српска, е во Будимпешта. Претседателот Додик е осуден затоа што одбива да ја игра играта што ја игра Брисел. Унгарија одбива да ја прифати оваа одлука“, напиша Орбан на социјалните мрежи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претходно, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, изјави дека интересот на Унгарија за национална безбедност е „стабилноста на Западен Балкан и дека секоја надворешна интервенција што е во спротивност со ова е и штетна и опасна“.

„Одлуките на луѓето од Западен Балкан мора да се почитуваат, а нивното доведување во прашање ја загрозува стабилноста и мирот во регионот“, објави Сијарто на социјалните мрежи.

Додик во посета на Орбан: Благодарен сум за неговата поддршка кон Република Српска

Поврзани вести