Орбан: Единствени што навистина сакаат мир се САД

Ниту тогаш никој не сакаше голема војна, но континентот сепак беше вовлечен во неа. Истата опасност постои и денес, рече премиерот на Унгарија Виктор Орбан, додавајќи дека земјата мора цврсто да се определи за мир.

Орбан оцени дека европските лидери отворено заговараат судир со Русија, но дека ситуацијата сепак е подобра од минатата година, бидејќи САД – преку својот претседател – сега поддржуваат примирје.

– Денес само една голема сила сака мир – САД, изјави Орбан.

Премиерот нагласи дека Унгарија треба да ги поддржи напорите предводени од Вашингтон и изрази очекување дека наскоро повеќе европски земји ќе изберат влади ориентирани кон мир. – Ако Европа навистина сака мир, треба да го поддржи американскиот претседател, додаде тој.

Орбан рече дека унгарската Влада се подготвува за претстојната средба со американскиот лидер на 7 ноември, која ја опиша како „унгарски ден во Вашингтон“, посветена на целосен преглед на билатералните односи и подготовка на нов договор за економска соработка.

Пронајдете не на следниве мрежи: