Орбан за последниот потег на Киев: Неприфатливо е

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е неприфатливо што Украина го запрела протокот на руски гас во централна Европа, бидејќи ги зголемила трошоците за алтернативните рути за снабдување.Орбан изјави за унгарското државно радио дека поради зголемените цени на гасот, Унгарија побарала гаранции од ЕУ во однос на нејзината енергетска безбедност, пренесе агенцијата МТИ.Унгарскиот премиер рече дека економските податоци се подобруваат во светлината на изборната победа на американскиот претседател Доналд Трамп и „ерата на мирот“ што ќе следи по војната во Украина, за која рече дека е во завршна фаза.Орбан рече дека победата на Трамп ќе ја зајакне унгарската економија оваа година.Рускиот гас не тече низ Украина до земјите на Европската унија од 1-ви јануари, откако истече петгодишниот договор за снабдување.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.