петок, 13 ноември 2026
Најново

ОРБАН ИМА РЕШЕНИЕ ЗА КИЕВ: „Ако не го прифатат – ќе исчезне како земја“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

УКРАИНА треба да стане тампон зона меѓу Русија и Западот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во разговор со поранешниот австриски канцелар Волфганг Шисел, објавен во весникот „Die Presse“.

– Украина се наоѓа таму каде што е на мапата. За неа најдобра перспектива би била создавање на тампон зона меѓу Русија и Западот – рече Орбан, цитиран од весникот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тој додаде дека ако Украина не се согласи со таа опција, таа ќе исчезне како земја.

Унгарскиот премиер претходно изјави дека времето работи за Русија во актуелниот конфликт во Украина и дека распоредот на силите нема да се промени во корист на Киев.

Поврзани вести