Орбан повика на бунт против Брисел

Унгарскиот премиер денес му се заблагодари на заменик-премиерот на Италија – Матео Салвини, за „застанувањето во одбрана“ на двајца унгарски државјани кои беа нападнати од мигранти во Катанија.

– Би сакал да му се заблагодарам на Матео Салвини, италијанскиот заменик-премиер, за застанувањето во одбрана на двете млади унгарски девојки кои беа нападнати од мигранти во Катанија. Овој напад, исто така, докажува дека миграциската политика на Европската комисија е неприфатлива. Наместо да ја запрат миграцијата, тие се зафатени со правни игри и бирократски сплеткања – напиша Орбан на Фејсбук.

Тој оцени дека „неуспешната миграциска политика“ на ЕУ „довела до овој напад“.

– Овој случај на сексуално насилство паѓа на совеста на бриселските бирократи. Не може повеќе вака – предупреди премиерот на Унгарија и повика на „бунт против Брисел“.

Инцидентот се случил кога тројца мигранти нападнале двајца млади унгарски државјани кои се враќале од плажа, откако претходно им понудиле превоз.

Потоа ги однеле на едно затскриено место каде што почнале да ги малтретираат.

Сторителите подоцна биле уапсени, а според информациите, сите тројца мажи се наоѓаат во Италија илегално.

Пронајдете не на следниве мрежи: