четврток, 12 ноември 2026
Најново

Орбан: Сакам Трамп да се врати во Белата куќа и да донесе мир во Источна Европа

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека би сакал поранешниот американски претседател и кандидат за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп, да се врати во Белата куќа и да придонесе за постигнување мир во Источна Европа.

Во своето годишно обраќање до нацијата, Орбан рече дека 2024 година може да биде „пресвртница“ поради одржувањето на изборите во ЕУ, САД, Индија и десетина други земји.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Не можеме да одлучуваме за изборите на другите земји, но многу би сакале Доналд Трамп да се врати“, рече Орбан, пренесе агенцијата МТИ.

Орбан оцени дека глобалната политичка сцена ќе изгледа сосема поинаку на крајот на оваа година и дека очекува маневарскиот простор на Унгарија да се зголеми до степен што, како што наведе, одамна не е виден.

Орбан оцени дека сегашната администрација на ЕУ нема да ја извлече Европа од кризата и дека новата европска десница, чиј дел се и Унгарците, може да донесе, како што наведе, „вистински промени“.

Поврзани вести