четврток, 12 ноември 2026
Најново

Орбан: Трамп го одржа ветувањето Унгарците да патуваат без виза во САД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пријателството е важно и во политиката, изјави денес премиерот на Унгарија, Виктор Орбан по повод одлуката на САД да ги укине визите за унгарските граѓани од 30 септември.

Орбан истакна дека кога Доналд Трамп се кандидирал за втор претседателски мандат, двајцата се согласиле „да ги укинат санкциите на американската левица против Унгарија“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

– Ќе бидат потребни месеци одлуката да помине низ американската бирократска постапка, но претседателот Трамп го одржа својот збор и им даде можност на Унгарците да патуваат без виза во САД, посочи Орбан.

Тој додаде дека потребата од добивање виза е „многу незгодна“ за оние што студираат или работат во САД.

Според него администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден се обидела да ја казни Будимпешта затоа што Унгарија не се согласува со ставовите на Демократската партија за „миграцијата, полот и војната“.

Поврзани вести