Организиран превоз од ТЕЦ Неготино за Парадата на гордоста

ТЕЦ Неготино ќе обезбеди автобуски превоз до Скопје и назад за сите кои сакаат да учествуваат на Парадата на гордоста што ќе се одржи на 29 јуни во Скопје.
“Почитувани вработени, АД ТЕЦ Неготино, ве известува дека на Геј парадата која ќе се одржи на 29 јуни во Скопје, нашата фирма обезбедува автобуски превоз. Сите вработени кои што се заинтересирани од понеделник да се пријават во фирмата кај организаторите на списокот за евиденција.
Ова покрај другото е наведено во соопштението од државната ТЕЦ Неготино, за организацијата на геј парадата.
– Нашата фирма со големо задоволство ги поддржува настаните од ваков карактер, се вели во соопштението до вработените.


Извор: Денешен.мк

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK