Еден природен начин да се ослободите од токсините во крвта е да подготвите пијалок од лук и црвено вино.
Задржувањето на штетни материи во крвта може да предизвика постојано чувство на замор, надуеност и проблеми со циркулацијата. Овој домашен напиток може да помогне во отстранувањето на вишокот масти и сол од телото, а воедно го поддржува и метаболизмот.
Еве како сами да го направите дома
Состојки:
12 чешниња лук
500 мл црвено вино (по можност домашно)
Подготовка:
Излупете го лукот и исечете го на четвртини. Ставете го во стаклена тегла и прелијте ја со вино. Цврсто затворете ја теглата.
Оставете го на светло или сончево место околу две недели. Во овој период, протресете ја теглата неколку пати на ден за добро да се измешаат состојките.
По две недели, процедете ја течноста и префрлете ја во стаклено шише. Земајте по една мала лажичка три пати на ден во текот на еден месец.
Забелешка:
Оваа напивка е моќна и може значително да влијае на телото. Обавезно консултирајте се со вашиот лекар пред употреба, особено ако имате хронични заболувања, земате лекови или сте бремени. Третманот не се препорачува почесто од еднаш на секои шест месеци.
The post Ослободете се од хроничниот замор: Рецептот од кујната дава резултати – 1 лажичка од овој напиток и ќе бидете како нови appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



