За опозициската партија ДУИ, извештајот на известувачот на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, кој помина на Комитетот за надворешна политика е сето она што Македонија го има со преговарчката рамка.
„Усвојувањето на извештакот на Томас Вајц ја отсликува веќе утврдената преговарачка рамка поддржана и од Бугарија каде Македонскиот јазик и посебноста на етничкиот македонски идентитет е веќе вметната во рамката, а со потпишувањето на ФРОНТЕКС воведена е и директна пракса за употребата на кратенката МКД“, вели екс министерот за надворешни работи и актуелен потрептседател на ДУИ, Бујар Османи.
Според Османи, извештајот бара од Северна Македонија да продолжи по европскиот пат преку уставни промени за дополнување на малцинствата.



