Османи искрен, амнестијата е за да се обезбеди мнозинство за Северна!

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за телевизијата “Алсат-м“ призна дека Законот кој воено нуди селективна амнестија за случувањата од 27 април, а кој беше донесен пред крајот на годината, бил во функција на обезбедување мнозинство за уставни измени.
Разговарајќи меѓу другото за Законот за амнестија и за случувањата на 27 април, кој власта се обиде во јавноста да го продаде како некаково си помирување, Османи смета дека Брисел ќе имаат разбирање за отстапките кои тие ги презеле за успешно имплементирање на најголемиот нивен приоритет.
– Некои постапки се преземени во функција на успешното имплементирање на најголемиот приоритет верувам дека и Брисел ќе има разбирање за околностите тука и за внатрешните контексти, особено имајќи го предвид тоа дека овие мерки се преземени во рамките на црвените линии кои ги определивме претходно, рече вицепремиерот Османи.
Во однос на тоа што ќе се случува во 2019 година вицепремиерот кажа дека тоа ќе биде година на жнеење на успесите посеани во 2018 година, истакнувајќи дека ќе се случат два важни процеси – уставните измени и добивањето датум за преговори со ЕУ.
-Во 2018 сеевме, а во 2019-та ќе жнееме, се надевам резултатите од тоа што го направивме во 2018-та бидејќи ги чекаме двата најважни моменти од тоа што го нареков жнеење, а тоа се интегрирањето во НАТО и почетокот на преговорите за Европската унија. Тоа нема да бидат лесни предизвици, но потсетувам дека толку инвестиравме во 2018-та, така што предусловите се создадени. Се надевам дека нема да има пречки во поглед на филибастеринг или во поглед на техничките пречки во Парламентот. Не е добар пример тоа што се случи со Законот за борба против корупцијата, за антикорупција бидејќи требаше да се донесе до крајот на декември, но ВМРО-ДПМНЕ со неколку дополнителни барања го задоцни овој процес. Сега сме во тесен временски период затоа што претседателските избори треба да бидат распишани на почетокот на февруари. Нас не треба да не најдат уште едни избори без антикорупциска комисија. Некои постапки се преземени во функција на успешното имплементирање на најголемиот приоритет верувам дека и Брисел ќе има разбирање за околностите тука и за внатрешните контексти, особено имајќи го предвид тоа дека овие мерки се преземени во рамките на црвените линии кои ги определивме претходно, рече вицепремиерот Османи.
На прашањето, пак, кои се тие црвени линии, Османи одговори:
-Црвените линии се да не се промовира принципот на неказнивост. Мислам дека тоа е основен принцип за една земја која претендира да се зачлени во Европската унија. Затоа и доколку го погледнете начинот на кој е конципиран законот за амнестија тој е за да ги амнестира оние категории кои не биле организатори и не биле вршители на насилство со што и го обезбедуваме процесот. Јас ќе бидам искрен тука дека овој закон е во функција на обезбедување на најважниот процес на земјата во последните три децении, но зачувувајќи го принципот дека не смее да има неказнивост. Затоа, сите насилници и организатори ќе одговараат пред законот, одговори Османи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.