Османи му даде на Курти мандат за формирање на Влада

Косовската претседателка Вјоса Османи, во согласност со своите уставни овластувања, денес потпиша Уредба со која го овластува Албин Курти да ја формира Владата на Косово. Според соопштението од кабинетот на претседателот, одлуката е донесена по официјалниот предлог на Самоопределување, кое освои најмногу места во парламентот, врз основа на резултатите од парламентарните избори на 9 февруари оваа година.

Според Уставот, мандаторот Албин Курти е должен да го достави составот и програмата на новата Влада до Собранието на Косово за одобрување најдоцна петнаесет дена од датумот на донесувањето на указот.

Османи му посака успех на актуелниот премиер Албин Курти со надеж дека Косово наскоро ќе има Влада со целосен уставен мандат.

Пронајдете не на следниве мрежи: