Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во објава на социјалната мрежа Х (Твитер) ги повтори тврдењата дека првите луѓе на безбедносните сили не го предупредиле за нападите на Хамас на 7. октомври, привлекувајќи остри критики како очигледен обид да се избегне одговорноста за катастрофата.
Тој ја сподели оваа објава, а девет часа подоцна ја избриша, додека утрово се извини, јавуваат израелските медиуми.
- Се подтготвува формирањето на Бекташката држава во Тирана: Ќе биде најмала на светот, со свој пасош и валута
- Во Москва се стравува од украинските дронови: Откажан е голем воено-музички фестивал на Црвениот плоштад
- Тие сакаат мир и тишина: Трите најголеми интроверти во зодијакот
- Што се случува со црниот дроб кога јадете јајца?
- ВЛЕН: Се подобрува клучниот фактор – се намалува инфлацијата
- Вечерва 13-то прскање против комарци во Скопје, а инфективна полна со пациенти со западнонилска треска
- МОЈОТ ПРВ СОПРУГ БЕШЕ КАКО ТАТКО МИ, САМО ПОЛОШ – Ведрана Рудан
- Хајден Панетиер добила „апчиња за среќа“ за црвениот тепих на 16-годишна возраст
- Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
- Можете да јадете леб и да ослабете: Нутриционистите го открија најдобриот избор
„Наспроти неточните тврдења: под никакви услови и во ниту една фаза премиерот Бенјамин Нетанјаху не беше предупреден за воените намери на Хамас“, пишуваше во оригиналниот текст што беше објавен нешто по еден часот по полноќ, по заедничката прес-конференција одржана со Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант и членови на воениот кабинет.
Во објавата се наведува дека сите безбедносни службеници, вклучително и првиот човек на военото разузнавање и директорот на Шин Бет (разузнавачка служба за внатрешна безбедност), оцениле дека Хамас е заплашен и бара договор.
„Таа оценка постојано ја доставуваа до премиерот и до Владата сите безбедносни сили и разузнавачката заедница, до избувнувањето на војната“, стоеше во објавата од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху.
Еден час по бришењето на објавата, Бенјамин Нетанјаху се извини и утрово напиша дека „згрешил“.
„Работите што ги кажав по прес-конференцијата не требаше да се кажат и жал ми е поради тоа“, порача Бенјамин Нетанјаху.
Тој додаде дека целосно ги поддржува првите луѓе на безбедносните служби и упати зборови на охрабрување до началникот на Генералштабот на израелската Армија, командантите и војниците кои се на првите линии и се борат за, како што вели тој „нашиот дом“.
Изјавата на Бенјамин Нетанјаху, во која тој изгледа дека вината ја префрла на безбедносните службеници за пропустите што доведоа до масакрот на 7. октомври, наместо самиот да ја прифати одговорноста, предизвика остри критики од неговиот воен кабинет.
За потсетување, повеќе од 1.400 луѓе, главно цивили, беа убиени во нападите на Хамас врз јужен Израел, а околу 230 беа заробени и однесени во Појасот Газа како заложници.
Пронајдете не на следниве мрежи:



