Осуден „творецот на евнуси“: Мачел мажи, па ги кастрирал, правел чорби од нивните гениталии, продавал делови од телото…

Судот во Лондон денеска го осуди Норвежанецот Мариус Густавсон на доживотен затвор за вршење кастрации и други форми на тортура врз мажи и објавување видеа од овие операции на Интернет заради финансиска корист.46-годишниот маж, кој ја водеше веб-страницата „eunuch maker“ (ЕМ), вршеше кастрации „што вклучуваше употреба на стеги за кршење на тестисите, отстранување на пенисот, замрзнување екстремитети и електричен удар на 16-годишно момче“, а потоа објавува видеа на страницата каде со помош на 22.841 претплатници заработил повеќе од 300.000 фунти од 2017 до 2021 година.Тој, заедно со шестмина соработници, се изјасни за виновен, а судијата Марк Лакрафт од судот Олд Бејли во Лондон рече дека Густавсон бил „мозокот зад овој грозен и ужасен потфат“, пренесува Гардијан.„Прикачената снимка беше исклучително графичка и несомнено беше достапна за претплатниците да ја видат заради сексуално задоволство. Тоа беше голем, опасен и крајно вознемирувачки потфат“, рече судијата.Обвинителката Каролин Карбери рече дека има јасни докази за канибализмот на Густавсон, вклучително и дека тој „готвел тестиси за ручек во уметнички уредена чинија за салата“, ги чувал гениталиите како „трофеи“ и продавал отсечени делови од телото.Гледачите на видеата на неговата страница можеа бесплатно да гледаат делови од операциите, но имаше и 100 фунти месечно „ВИП“ претплата.На видеото од една операција, кое беше прикажано на суд, телето на ногата на една жртва беше означено со буквите „ЕМ“, акроним за англискиот термин за „творец на евнух“, по што лицето ги пријавило Густавсен и неговите соработници на полицијата.Останатите шест соработници се осудени на затворски казни од две до 12 години, а Гардијан наведува дека тие се дел од субкултура во која мажите се кастрирани.

Пронајдете не на следниве мрежи: