среда, 11 ноември 2026
Најново

Осумдневен притвор за лицето што запали дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје

Осумдневен притвор, на барање на Основното јавно обвинителство Скопје, е определен за лицето што запали дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје, потврдија од Кривичниот суд.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец, осомничен дека запалил две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје . Осомничен е  дека сторил кривично дело Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик.

Пулс24.мк - 14 години

„На 15 јуни околу пладне, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, пред Амбасадата на Република Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери. На критичниот ден тој излегол од дома, се качил во автобус и дошол во центар, па од бензинската пумпа во близина на бугарската амбасада наполнил бензин во пластично шише. Потоа ја преминал улицата и се доближил до двете паркирани дипломатски возила во сопственост на амбасадата кои ги полеал со бензинот и ги запалил со запалка. Веднаш откако го предизвикал опожарувањето го напуштил местото на настанот“, соопшти Обвинителството.

Имајќи го предвид видот, карактерот и тежината на предметното кривично дело, фактот што било извршено врз две дипломатски возила на пладне, во центарот на Скопје, во период кога фреквенцијата на луѓе и возила во овој дел на градот е голема, јавниот обвиниел оцени дека постојат очигледни околности што укажуваат дека постојат условите за определување на мерката притвор и предложи на Судот да определи таква мерка за обезбедување во текот на постапката.

Македонската Влада вчера најостро го осуди „вандалскиот и недозволив чин на опожарување на возила со дипломатски статус“ во непосредна близина на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи: