Осум знаци дека во кревет сте вистински оган: Дали се наоѓате во нив !?

Понекогаш е тешко да се процени како се справуваме во кревет со партнерот, но овие осум знаци се показател за тоа каде сте на скалата за „снаодливост“ во сексот.

Иако не е лесно да се гледате себеси во таа ситуација, а сите ние тајно се прашуваме дали сме „добри“ во сексот и дали доволно го привлекуваме партнерот, еве го одговорот. Овие осум знаци покажуваат дека за вас нема тајни во креветот:

  • Имате самодоверба – Ова значи дека без проблем ќе ја оставите светлината, да се појавите потполно гола пред партнерот или да облечете секси долна облека и да чувствувате природно и спонтано. 
  • Двајцата сте расположени – Кога жената ги турка колковите кон партнерот, тоа значи дека што и да прават мажите во тој момент, го прават одлично. 
  • Обрнувате внимание – Добриот љубовник секогаш ги следи движењата, воздишките и реакциите на другата личност. На тој начин знае дали нешто работи правилно или не. 
  • Отворени сте за нови нешта – Испробувањето нови пози генерално значи дека луѓето се добри во сексот. Тоа ја вклучува и предиграта, се разбира.
  • Тие се сеќаваат на вас – тоа е многу едноставно! Ако сте имале одличен секс со некого/некоја, секогаш ќе се сеќавате на тоа, затоа што не е лесно да заборавите на одличен љубовник …
  • Сакате секс – Ако го сакате и уживате во сексот, шансите се големи и да сте добри во тоа. 
  • Знаете што ве доведува до кулминација – Личност која е добра во кревет, никогаш нема да зависи само од партнерот. На пример, една жена која го истражувала своето тело и знае како да го достигне врвот, може да го научи истото скоро и на секој маж. Сексуално активната личност не ги остава работите на случајност …
  • Сакате да ги задоволите – Добриот љубовник секогаш ужива да дава повеќе отколку да прима, тие секогаш сакаат да го надминат својот партнер во задоволување на едни со други.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.