Осум непознати факти за рестораните за брза храна кои најчесто ги знаат само вработените

Луѓето ги сакаат рестораните за брза храна бидејќи во рок од неколку минути го добиваат она што го нарачале, а храната најчесто не е премногу скапа.
Некои податоци велат дека Мекдоналдс дневно храни дури 68 милиони луѓе, што е навистина голем број. Меѓутоа, зад секој ресторан за брза храна се кријат факти кои повеќето луѓе не ги знаат.
Ова се само дел од нив:
Чудната Мекфлари лажичка


Доколку барем еднаш во животот сте јаделе Мекфлари од Мекдоналдс, сигурно сте ја забележале лажичката која ја добивате со чуден облик. Причината за нејзиниот необичен облик лежи во начинот на припрема на овој десерт – состојките се ставаат во пластичната чаша, се става капачето, а потоа лажицата се забодува во десертот, а нејзиниот врв се става во автомат кој ги меша овие состојки.
Кругчињата на чашите од Мекдоналдс


Дали некогаш сте ги забележале оние 4 кругчиња на чашите во кои Мекдоналдс ги послужува своите топли пијалаци? Со нивно притискање може да го означите пијалакот – на пример, доколку нарачувате повеќе пијалаци, со притискање на кругчињата ќе препознаете што се наоѓа во чашата.
Не сите чаши се безопасни


Помалите кафулиња користат чаши направени од посебен вид на стиропор. Кога премногу ќе се загреат, тие стануваат опасни по здравјето, а исто така не се добри ниту за околината. Ваквите чаши честопати се означени со триаголник со бројот 6 или со ознаката “PS”.
Не е добро да сте првиот клиент во кафуле


Зошто? Одговорот е едноставен. Автоматите за кафе се чистат со посебни хемикалии кои можат да завршат во првите неколку шолји кафе, доколку вработените не ги исчистиле добро. Секако, не велиме дека ова е случај со сите кафулиња…
Студените пијалаци ќе ве натераат да…


…јадете! Веројатно сте забележале дека, на пример, газираните пијалаци се поевтини од чај или друг топол напиток. Истражувањата покажуваат дека човекот повеќе јаде откако ќе испие студен пијалак.
Идеално време за заминување во ресторан за брза храна
Велат дека најдобро е да посетите ресторан за брза храна кога тој е најоптоварен – од 11:30 часот до 14 часот и од 17 часот до 19 часот. Тогаш се припрема најмногу храна и истата е најсвежа.
И еден милкшејк може да биде премногу


Кога станува збор за количината на шеќер во состојките, милкшејкот наводно е рекордер. Некои ресторани ги служат ваквите напитоци со повеќе од 50 грама шеќер, што е дефинитивно премногу. Ваквиот напиток автоматски значи пречекорување на дневната доза шеќер.
Луѓето трошат повеќе пари на терминалите


Едно истражување открива дека луѓето кои порачуваат храна на терминали трошат повеќе пари. Причината е во тоа што тие не брзаат и на мир можат да го разгледаат менито и да одберат сè што им се допаѓа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.