Отворени преговори: Иран е подготвен да го отвори Ормутскиот теснец за јапонските танкери

Иран е подготвен да им дозволи на јапонските танкери да поминат низ Ормутскиот теснец, објави во саботата јапонската новинска агенција Кјодо, велејќи дека иранскиот министер за надворешни работи…

Техеран започна разговори со Токио за евентуално отворање на морскиот премин за јапонски бродови, изјави Абас Арагчи за „Кјодо“ во телефонско интервју.

Јапонија зависи од Блискиот Исток за околу 95 проценти од своите резерви на нафта, а околу 90 проценти ги добива преку Ормутскиот теснец, клучен премин блокиран од Иран како одговор на израелско-американските напади. Во интервју за Кјодо, иранскиот министер за надворешни работи рече дека Иран „не го затворил теснецот“, туку вовел ограничувања за бродовите поврзани со земјите што учествуваат во нападите врз Иран.

Арагчи, исто така, разговараше за минувањето на јапонските бродови со јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги, но засега не сакаше да открие детали од тие разговори.

Иранскиот министер нагласи дека Иран е подготвен да обезбеди безбеден премин за земји како Јапонија доколку се координираат со Иран и го пофали традиционално „избалансираниот и фер“ став на Токио и неговите долгогодишни пријателски врски со Техеран.

Арагчи во интервју за јапонска новинска агенција нагласи дека Иран не сака „примирје“, туку „целосен, сеопфатен и долгорочен крај на војната“, со гаранции што ќе спречат идни напади и надомест за штетата предизвикана за време на војната.
The post Отворени преговори: Иран е подготвен да го отвори Ормутскиот теснец за јапонските танкери appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: