Отворено писмо на претседателот на ССМ: 28 јануари е денот кога зборуваат работниците

Претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов во отворено писмо ги повикува работниците да се приклучат на протестот што во среда се организира за зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра.

– 28 јануари е денот кога зборуваат работниците! Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, а кој да протестира за твојата плата ако не прво ти, па сите ние заедно со тебе, пишува Трендафилов во отвореното писмо.

Протестот, вели Трендафилов, е против газдите кои одбиваат да ја зголемат платата и против Владата која не планира да ги зголеми платите во јавниот сектор, војската, полицијата, управата и правосудството, културата, а во здравството и образованието само минимално да ги усогласи.

– Овој протест е затоа што одбиваат да ја зголемат минималната плата, а со тоа Ве принудуваат да живеете во сиромаштија, затоа што повеќе од 200.000 работници имаат плата под 31.200 денари, односно под прагот на сиромаштија во Македонија, вели Трендафилов.

Овој протест, додава Трендафилов, е само почеток доколку не ги зголемат вашите плати и доколку продолжат да го газат вашето достоинство.

Додека трае протестот, Трендафилов однапред им се извинува на сите оние кои ќе имаат итна потреба и најавува дека ќе има обезбедено посебен коридор за пропуштање на овие возила.

Пронајдете не на следниве мрежи: