На градскиот стадион во Штип денеска граѓаните ќе имаат можност одблизу да се запознаат со воената опрема и возила што ги има Армијата како и со способностите на армиските единици.
Отворениот ден ќе се реализира од 10 до 14 часот, а е организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ),
На отворениот ден ќе присуствува и претседателката Гордана Сиљановска Давкова која е и врховен командат на вооружените сили и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
The post Отворен ден на Армијата на градскиот стадион во Штип appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



