Отишла во салон за убавина, па со страшна инфекција завршила во болница

Американка која сакала да остане анонимна раскажала за своето искуство дека по јапонска метода на исцртување на веѓите завршила во болница.
Како што вели, решила своите веѓи да ги разубави, купила купон преку еден интернет сајт, па веднаш закажала термин во еден локален салон.
Јапонското исцртување на веѓите одлично поминало, но по завршувањето на процедурата, тие и изгледале фантастично, била среќна и задоволна.Црвенилото е нормално по микроблејдинг, но оваа жена имала сосема различно искуство.-Почнаа да отекуваат и станаа осетливи на допир, а тоа ме загрижи па веднаш го посетив ургентниот центар. Тие ми дијагностицираа целулитис – бактериска инфекција на кожата поради која три дена поминав во болница. Ми дадоа антибиотик, а следниот ден почнаа лечење со стероиди, вели таа.
Истакнува дека била обземена од страв, па се уплашила дека огромното црвенило ќе остави последици на нејзиното лице. Бев преплашена. Не знаев што се случува. Моето лице отече, а очите ми се затвораа.
Лекарот кој се грижел за неа вели дека на таквата реакција можеле да реагираат многу работи, вклучувајќи алергија или инфекција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.