Откако ги слушна барањата на албанските партии и Заев сфати дека сака консензуален претседател

-Посакувам да имаме консензуален кандидат од сите. Да имаме човек кој ќе биде татко на нацијата зад кој ќе застанеме сите, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарско прашање.
Тој се надева дека ќе биде избран кандидат за кој ќе биде чест да застанат и да го промивираат како иден претседател на Република Македонија. На прашањето, пак, зошто до сега не е отворен процес во врска со утврдување кандидат за претстојните претседателски избори, тој изјави дека во тек е сериозен процес за завршување на постапката за уставни измени во Парламентот. Откако ќе се заврши со тоа  веднаш ќе ја отворат дебатата, додаде тој посочувајќи дека му е драго што има кандидати, но дека ќе треба да се види кои од нив граѓаните ги сакаат.
-Ќе се обидеме да го изнајдеме најдобриот, или најдобрата. Ќе се потрудиме да најдеме кандидат што максимално ќе биде прифатлив за сите граѓани на Република Македонија, рече Заев.
Очекувањата на премиерот се владејачката коалиција да победи на претседателските избори но, како што вели, за одлуката на граѓаните клучна ќе биде личноста на кандидатот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.