Откако ја победи опаката болест, Марина Туцаковиќ ги открива тајните на српската естрада за Цеца, Карлеуша, Ана Николиќ…

Марина Туцаковиќ, најпознатиот српски текстописец и жената од шоу-бизнисот околу која познати личности со децении се натпреваруваат кому поубави стихови ќе му напише, неодамна преживеа пекол, откако се соочи со опаката болест. Но, таа се издигна над неа и продолжи со нормално да живее, откривајќи како тој се чувствува по тешкиот период кој го остави зад себе, како и со кого од естрадата ја продолжува соработката.


Коментирајќи ја врската со нејзината пријателка Светлана Цеца Ражњатовиќ, Марина рече дека би сакала ќерката на Цеца – Анастасија да ја надмине популарноста на нејзината мајка, а потоа додаде дека со фолк дивата активно крои песни за нејзиниот претстоен албум.
„Цеца и јас постојано сме на врска, ноимаме проблем со песните… Не знаеме кој пат да фатиме“ – рече Марина.
Запрашана за Карлеуша, ќе изјави:


„Не се слушаме повеќе. Што има да се коментира, страшно низ што се’ минува … Jeцa е голем борец“ – таа нагласува.
Кога станува збор за Ана Николиќ, Марина не штеди зборови:


„Мислам дека албумот на Ана ќе биде подготвен до крајот на летото. Тоа нема да биде онаа старата, туку сосема нова Ана. Само да ослабе. Работи сега на тоа, добро е и заради нејзиното здравје, но таа сака да си касне“ – резимира низ насмевка Марина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.