четврток, 12 ноември 2026
Најново

Откако ќе ги пробате, ќе ги правите постојано! Чипсот од тиквички е здрава ужина која брзо исчезнува од трпезата (РЕЦЕПТ)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Наместо да купувате чипс од продавница за кој не сте сигурни како е подготвен, најдобро подгответе си здрави и вкусни грицки дома.

За овој чипс не ви треба многу време, а е далеку поздрав од купечкиот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потребни состојки:

1 тиквичка
50гр сусам
100гр пченкарно брашно
Сол, зачин по желба

Начин на подготовка:

Исецкајте ја тиквичката на тенки крукчиња, а потоа посолете ги и оставете ги да постојат 30 минути во солта.

Помешајте го сусамот, пченкарното брашно и зачинот.

Откако крукчињата ќе постојат исцедете ги. Секое крукче намачкајте го од двете страни со смесата која сте ја добиле од сусамот, брашното и зачинот. Потоа крукчињата редете ги во тепсија, која претходно сте ја обложиле со хартија за печење.

Печете 15 минути на 200 степени, а потоа свртете ги на другата страна крукчињата и печете уште 5 минути.