Откриена најголемата тајна на супер моделите: Детоксикациска вечера – без гладување до рамен и цврст стомак

Овој оброк не е чудо во смисла дека сам по себе топи килограми, туку е наменет да го смири варењето, да ја намали надуеноста и да му помогне на телото да се детоксицира.

Оваа вечера се подготвува брзо и лесно, а ја јадете три последователни вечери.

Ова директно води до чувство на леснотија и рамен стомак. Клучот е во комбинацијата на храна што делува како корисни „чистачи“ на телото.

Состојки:

150 грама грчки јогурт (најдобро со 0 проценти маснотии)1 мала шака свеж магдонос,1 мала шака свеж копар,Половина краставица,1 лажичка ленено семе или чиа,Прстофат мелен ѓумбир (свежиот е уште подобар).

Подготовка:

Излупете ја и ситно изрендајте ја краставицата. Ситно исечкајте го свежиот магдонос и копар.

Ставете го грчкиот јогурт во сад, додадете ја ренданата краставица, сечканите билки и ѓумбирот. Добро измешајте сè.

На крај, посипете ја смесата со ленено или чиа семе.

Како делува?

Грчкиот јогурт е богат со пробиотици кои ја обновуваат цревната флора и го подобруваат варењето на храната. Магдоносот и копарот се природни диуретици кои му помагаат на телото да го елиминира вишокот вода и да ја намали надуеноста.

Краставицата содржи висок процент на вода и помага при хидратација, а во исто време го смирува желудникот.

Ленено и чиа семето се богати со влакна, кои помагаат во регулирањето на варењето на храната и обезбедуваат долготрајно чувство на ситост.

Ѓумбирот е познат по своите антиинфламаторни својства и способност да ги ублажи надуеноста и грчевите.

Имајте на ум дека овој оброк треба да ви биде единствена вечера три дена. Леснотијата и резултатите што ќе ги почувствувате ќе бидат најдобар доказ дека здравите навики носат брзи промени.

Пронајдете не на следниве мрежи: