Откриена нова „мини Месечина“ која моментално кружи околу Земјата

Астрономи од Тускон, Аризона открија нов астероид кој кружи околу нашата планета. Астероидот е наречен 2020 CD3.
Ова откритие на Twitter го објави Кацпер Вјежхос, истражувач на Catalina Sky Survey програмата од планетарната лабораторија на Универзитетот во Аризона.
„Земјата има нов привремен објект, можна „мини Месечина“ наречена 2020 CD3. Заедно со колегата Теди Прајн го пронајдовме објектот на 15 февруари“, вели тој.
Објектот има распон од 1,5 до 3,5 метри, а неговата патека укажува дека влегол во орбитата на Земјата пред околу 3 години.
Според зборовите на астрономот, ова откритие е голема работа бидејќи станува збор за вториот астероид за кој се знае дека орбитира околу нашата планета. Првиот беше откриен во 2006 година и беше наречен RH120.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.