Откриено е зошто принцовите Вилијам и Хари се во лоши односи

Лошиот однос меѓу принцовите Вилијам и Хари е главна тема во британските таблоиди последните неколку недели. Откако станало јасно дека принцот Хари и војвотката Меган се селат од Кенсингтонската палата, се појавуваат се повеќе приказни за расправии и лоши односи меѓу браќата, а британски “The Sun” тврди дека нивниот однос веќе со години е на стаклени нозе.
За разлика од дивиот Хари, принцот Вилијам нема никаков скандал во својот живот и секогаш го критикувал својот брат за однесувањето. Првата голема расправија избила откако испливале голи фотографии од принцот Хари од забава во Лас Вегас. Вилијам постојано го предупредувал својот брат за однесувањето, но Хари не се менувал.


Откако Хари му кажал на својот брат дека се заљубил во американска актерка, Вилијам му дал совет малку да забави со тоа, да провери која е точно Меган, од какво семејство доаѓа и какви се нејзините намери. Хари побеснил и не сакал да слушне ни збор од предупредувањето на постариот брат, кој му сугерирал добро да ја запознае актерката пред да се сврши со неа.
-Се скараа кога Вилијам ја запозна Меган. Хари од почетокот е лудо заљубен во неа и се однесува многу заштитнички. Го обвинил својот брат дека сака да ја уништи нивната врска, рекол неименуваниот извор во британските таблоиди.
Браќата се скарале и кога Вилијам сугерирал Хари да не ја поканува Меган на свадбата на Пипа Мидлтон, за тие двајца да не ја засенат невестата. Хари повторно не го послушал.
Наводно Меган е разочарана и од однесувањето на Кејт Мидлтон, која немала доволно време да и се посвети и да и помогне во прилагодбата на кралскиот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.