Откриено е кој број на дресот ќе носи Ибрахимовиќ во Милан?

Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе биде промовиран во нов фудбалер на Милан, а тоа повлекува и низа други шпекулации.
Италијанските медиуми веднаш почнаа да се занимаваат со тоа кој број на дресот ќе носи Швеѓанецот во таборот на „росонерите“. Неговите традиционални бројки како 9,10 или 11 се веќе зафатени во клубот. Дали некој од Кжиштоф Пјонтек, Хакан Чалханоглу или Фабио Борини ќе одлучи да му отстапи бројот останува да видиме.
Постојат информации дека Ибрахимовиќ ќе одлучи да игра со бројот 1 на својот дрес. Моментално ниту еден од голманите на Милан не ја носи оваа бројка, бидејќи Џанлуиџи Донарума има дрес со број 99, додека Пепе Реина со 25.
Ова сигурно би било индикакција дека Ибрахимовиќ уште еднаш сака да каже дека е број 1 во светот на фудбалот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.