Откриен е типот на рак на Кејт Миделтон: Принцезата нема да се појави подолго време во јавност

Новинарот Марк Рош, кој е специјализиран да известува за кралското семејство, кажа нова вест поврзана со дијагнозата на принцезата од Велс Кејт Мидлтон, а целото интервју е објавено од dayFREURO.

Според него, принцезата нема да се појави уште подолг период во јавноста.

Рош наведува дека таа правела сериозна операција и дека имала рак на дебелото црево.

– Според добро информиран извор, сè укажува на тоа дека Кејт Мидлтон имала хистеректомија и имала рак на дебелото црево – вели Рош.

Тој кажа и дека Кејт не требало да се извини за фотошопот на фотографијата на која позира со своите деца.

– Исто така, навистина верувам дека таа никогаш не требаше да се извини. Ова е недостојно за нејзината титула, недостојно за идна кралица. Елизабета II никогаш не се извини – заклучува тој.

На 22 март, Кејт Мидлтон објави дека моментално минува низ раните фази на превентивна хемотерапија. Таа рече дека ракот бил откриен за време на тестовите направени по абдоминална операција.

Новинарите напишаа дека принцот Хари и Меган Маркл дознале за болеста на Кејт Мидлтон преку прилог на телевизија.

Пронајдете не на следниве мрежи: