Откриен нов лек кој лечи коронавирус, но една работа е многу важна- дозирањето

Во Бразил, починале 11 пациенти заболени од ковид-19, поради силна аритмија и оштетување на срцевиот мускул, кое веројатно е предизвикано поради голема доза хлорокин во комбинација со антибиотик, пишува „Њујорк тајмс“.
Студијата која ја финансирала самата држава Бразил ја водел Маркус Ласерд од Тропскиот институт во Манау. Вкупно 81 пациенти биле поделени во две групи.
Првата група во текот на пет дена двапати дневно добивала по 450 милиграми хлорокин, а другата група во текот на десет дена двапати дневно добивала по 600 милиграми. Таа доза е над препораките на кинеските научници и Американскиот центар за контрола и превенција на болестите.
По само два до три дена бразилските лекари забележале тешки нарушувања на срцевиот ритам кај пациентите кои примиле голема доза. Шестиот ден починале 11 луѓе и тестовите биле прекинати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.