Откриен тајниот план на Русија?! Разузнавачите итно го предупредија НАТО: Доаѓа период што особено ја загрижува Европа

Европските разузнавачки претставници предупредија за можноста Русија да преземе порешителни мерки против НАТО во наредните месеци, вклучувајќи напад со беспилотни летала или ракети, ограничен упад на територијата на Алијансата или други форми на притисок, објави „Гардијан“.

Шефот за безбедност на чешката БИС, Михал Куделка, изјави дека руските планови, покрај зголемената активност на беспилотни летала, би можеле да вклучуваат ограничен упад на територијата на НАТО што граничи со Русија, провокации со лажно знаме и масовна кампања за влијание.

– Можно е. Може да вклучува ограничен упад, провокации со лажно знаме, масовна кампања за влијание, рече Куделка, додавајќи дека такво сценарио може да се случи за „неколку месеци, а не години“.

Неговите коментари дојдоа откако полскиот премиер Доналд Туск изјави дека проценките на разузнавањето укажуваат на можност за руски напад со беспилотни летала или ракети врз територијата на НАТО во наредните месеци , во обид да покаже дека Член 5 од Алијансата е „повеќе теоретски отколку практичен“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оцени предупредувањата на Туск како „разумни и добро документирани“.

Генералниот директор на Латвиската служба за државна безбедност (ВДД) Нормундс Межвиец изјави дека неговата служба „не гледа индикации за непосреден напад“.

Тој изјави дека постојат знаци дека Москва подготвува порешителна акција во Европа, но дека не е јасно дали станува збор за конкретни планови или за дел од поширока стратегија за дестабилизација и ширење страв.

– Сè уште е отворено прашање дали имаат директни и конкретни планови или тоа е само во контекст на нивните целокупни обиди да шират страв и неизвесност во западното општество, рече Межвиец.

Генералниот секретар на естонското Министерство за надворешни работи, Јонатан Всевјов, ја осуди „паниката на социјалните мрежи“ поради можен напад и рече дека властите јасно ќе ги предупредат граѓаните доколку има реална опасност.

Куделка рече дека моменталната руска тактика е „ескалација заради деескалација“, оценувајќи дека Кремљ се обидува да ја намали нивната поддршка за Украина со вршење притисок врз слабите точки на западните општества.

– Тие веруваат дека ако ескалираат доволно, европските земји ќе одлучат да не ја поддржат Украина, рече Куделка.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли обвинувањата за руски напад врз НАТО, велејќи дека „тоа нема никаква врска со реалноста или намерите на Руската Федерација“.

Сите тројца разузнавачки претставници проценија дека руската саботажна кампања во Европа би можела да се интензивира во наредните месеци. 

Межвјец рече дека Русија се движи од случајни саботажи и палежи со цел ширење паника кон конкретни цели поврзани со западната поддршка за Украина.

Шефот на шведската воена разузнавачка и безбедносна служба, Томас Нилсон, изјави дека целите на руските саботажни активности се да се намали поддршката за Украина, да се создадат поделби во НАТО и да се предизвика страв кај европското население. 

Тој го опиша неодамнешниот инцидент со вооружен дрон на аеродромот во Лајпциг, кој германските власти го припишаа на руското разузнавање, како „пресвртница“.

Нилсон рече дека не видел никакви индикации дека Москва сериозно размислува за вистински преговори за Украина, велејќи дека Русија сè уште верува дека може да ги постигне своите стратешки цели.

Според него, Москва би сакала НАТО да води „бесконечни дискусии“ за консултации според Член 4, но не и да презема конкретни дејствија.

Куделка додаде дека саботажната кампања претставува дополнителен товар за европските разузнавачки служби, бидејќи тие мора да истражуваат секој пожар или дефект како можен терористички напад, дури и кога се предизвикани од други фактори.
The post Откриен тајниот план на Русија?! Разузнавачите итно го предупредија НАТО: Доаѓа период што особено ја загрижува Европа appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: