Официјално: Италија се повлече | Ладен туш за КИНА

Италија официјално се повлече од кинеската иницијатива „Појас и пат“.

Ова го пренесе агенцијата AFP, повикувајќи се на неименуван извор од владата на таа јужноевропска земја, пренесува Teletrader.

На пејачката сопругот ја принудувал да носи провокативна облека, таа паднала во очај: Се борев со срам…
Пејачката Билјана Сечивановиќ своевремено се соочила со конкуренција меѓу колегите, па пријателите и’ предложиле да се …
Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку …

Функционерот кој зборуваше за медиумите истакна дека комуникацијата меѓу двете земји ќе остане отворена.

Исто така, италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави дека Пекинг бил информиран за потегот на Рим пред три дена.

Италија беше единствената членка на Г7 која беше дел од Иницијативата „Појас и пат“, глобален трговски и инфраструктурен план направен по примерот на древниот пат на свилата, кој ги поврзуваше царската Кина и Западот.

Да потсетиме дека италијанскиот премиер Џорѓа Мелони, во разговор со кинескиот премиер Ли Џианг на почетокот на годинава, навести планот на Рим да се повлече од кинеската иницијатива „Појас и пат“.

„Премиерката Мелони го информираше својот колега за намерата на Италија да се откаже од проектот “, објави тогаш весникот „Кориере дела сера“, истакнувајќи дека премиерот Ли направил последен обид да го убеди Рим да ја преиспита одлуката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.