ОФИЦИЈАЛНО Македонските државјани и понатаму не можат да влезат во земјите од ЕУ

Советот на ЕУ објави ажуриран список на трети земји чии граѓани имаат право да патуваат во ЕУ од 1 август, во кој повторно не е вклучена ниту една земја од Западен Балкан, вклучително и Македонија. 

Во врска со списокот од пред две недели, Алжир беше отстранет. 

На списокот на земји што не се членки на ЕУ, чии што граѓани имаат право да патуваат, ги вклучуваат: Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Кина.

Брисел изјавува дека критериумите за утврдување на кои земји ќе бидат на списокот се однесуваат првенствено на епидемиолошката состојба, мерките за заштита, вклучително и физичката оддалеченост, како и социјалните и економските параметри. 

Списокот на земји треба да се ревидира на секои две недели во однос на најновите епидемиолошки податоци, а Советот на ЕУ наведува дека за време на летната пауза во август, ќе биде свикан вонреден состанок доколку има драстична промена на ситуацијата во една од државите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.