Охрид блокиран среде сезона: Сиротите граѓани стојат на жештиниве, додека се блокира пат за делегации и “вип” политичари

Повеќе од еден час влезот и излезот пред Охрид се затворени од полиција. Колоните се во десетици и десетици километри. Сиротите граѓани стојат на жештиниве, додека се блокира пат за делегации и “вип” политичари. Ако знаеме дека пола влада сосе премиер и претседател се веќе во Охрид, се прашувам за кого се приредуваат вакви изживувања?!

Кој е па овде побогу толку ВИП? Граѓанинот вечно ќе е на последно место во оваа вечна мизерија од држава каде што сервисите платени од народот и за народот се во функција на фрустрирани функционери и нивните другарчиња, синови и ќерки.

Секако дека не очекуваме Мвр На РМ да постапува со почит кон луѓето, да пратат некое јавно известување, камоли да се потрудат да има режим о регулирано движење. Па уште ќе не убедувале да останеме во земјава да создаваме семејства во оваа дупка.

Пронајдете не на следниве мрежи: