Светиот крст и годинава во рацете на Мартин Гоџо од Варош. Мартин светиот крст го фати и минатата 2025 и во 2022 година.
Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро. Тој беше најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи. Мартин светиот крст го фати и минатата 2025 година и во 2022 година.
Традиционално, фаќачот на крстот заедно со неговата тајфа денеска ќе ги посетат домовите на охриѓани честитајќи им го големиот празник Богојавление – Водици.
На светиот чин присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков како и претставници од дипломатскиот кор и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава.
Настанот на градското пристаниште во Охрид го проследија голем број граѓани од Охрид, земјава и светот.
The post Охрид: Светиот крст и годинава во рацете на Мартин Гоџо од Варош appeared first on Во Центар.



