сабота, 28 ноември 2026
Најново

Охриѓанецот Спирко Топалоски ја промени изјавата: “Нефи бил и ќе биде мој пријател”

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Oхриѓанецот Спирко Топалоски завчера пријави дека бил нападнат од советникот на ДУИ во општина Охирд, Нефи Усеини. Додека полицијата трага по браќата Усеини за кои веќе е одреден и осумдневен притвор за нападот на Топалоски, нападнатиот сам преку својот адвокат сега ја менува својата изјава.

Првата изјава на Топалоски беше дека Нефи го тепал и замавнувал со пиштол пред очите на неговиот малолетен син, а сега тврди дека Усеини бил и ќе остане негов пријател.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Изјавата на Топалоски до јавноста ја испрати неговиот адвокат Кристијан Спироски.

„Јас Спирко Топалоски сега во добра здравствена состојба, сакам да ги демантирам написите кои деновиве  излегоа во јавноста, надвор од контекст и надвор од се што се случи критичниот ден. Од еден немил настан и расправија, која произлезе најверојатно од политички причини односно од структури замене непознати со цел да се дискредитира неговото име и да се наруши нашето пријателство се направи филм.  Додека јас и Нефи разговаравме, добив удар од задната страна и од стресот што го добив, особено и поради тоа што мојот син беше присутен добив погрешен впечаток за се. Да бидам искрен оружје не видов, но во целата таа паника што настана се стекнав со таков впечаток како да има пиштол, а всушност немаше. Сакам да потенцирам дека се работи само за едно недоразбирање, кое е надминато. Нефи бил и ќе биде мој пријател. Би ја замолил јавноста и медиумите да се занимаваат со други поважни, а не вакви исконструирани настани“, пишува Топалоски во писмениот допис.

Поврзани вести