Падна првиот снег во Македонија

Прв снег веќе има на високите предели и врвови на Шар Планина, информираат планинарите кои викендов го посетија овој масив.
Зија Јонузовски од планинарскиот клуб „Аргентус Монт“, кој заедно со клупските колеги биле на Титов Врв фотографирале како изгледа северната страна на највисоката точка на Шар Планина на 2474 метри надморска височина.
– Според сознанијата од колегите планинари и состојбата на самото место се гледа дека снегот е стар неколку дена поточно една недела. Според нашите проценки. изминатиот викенд лоши беа временските услови со ниски температури и дожд, па така планинарите не заминаа на викенд турите на Шар Планина. Така најверојатно минатата недела на 27 септември е паднат првиот снег, смета тетовскиот планинар Зија Јонузовски.
Неделава која измина планинарите го фотографирале и врвот Бриставец на 2670 метри, што претставува четврти по височина врв на Шар Планина, а се наоѓа помеѓу Црно и Боговинско Езеро и претствува дел од голем планински гребен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.