Според податоците на Државниот завод за статистика прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9.4 % во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година.
Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година, прометот во индустријата, вкупно, според главните индустриски групи, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 9.5 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 % – пишува Бизнис инфо.
Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, бележи опаѓање од 13.9 %.
На домашниот пазар во јануари 2026 година, прометот во индустријата во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 6.0 %, додека на странските пазари во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи опаѓање од 10.6 %.
Најголемо влијание врз намалувањето на вкупниот промет во индустријата во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, имаат одделите:
- Производство на прехранбени производи со 5.6 %
- Производство на метали со 24.4 %
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 23.3 %



