Палмер намерно не се сретнал со Мицкоски и Иванов

Заменик-помошник генералниот секретар на САД, Метју Палмер денес оствари средба со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Палмер во разговор со главниот и одговорен уредник на ТВ “21“ вели дека денеска намерно не остварил средба со Иванов и Мицкоски бидејќи  им се различни гледиштата за моменталната состојба во Македонија.
„Ние имаме различни погледи со Мицкоски. Денеска со него не остварив средба, но се видов со пратениците кои во петокот гласаа „за“. Одлуките кои ги донесоа пратениците од опозицијата беа навистина храбри, иако знаејќи ги последиците. Јас сум разочаран од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи не го поддржуваат договорот од Преспа. Задоволство ќе ми биде ако на следните гласања има повеќе гласови од опозицијата кои ќе бидат „за“, рече Палмер на средбата со главниот и одговорен уредник на ТВ“21“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.