Палмер уверен оти Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен оти Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО.
“Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци“, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора.
Тој оцени и дека Русија сака регион заснован врз нереди и недоверба.
“Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован врз нереди и на недоверба. Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удар во 2016 година за да се спречи земјата да влезе во НАТО“, рече Палмер, додавајќи: “Мислам дека Русите не завршија со настојувањата да прават проблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.