Панатинаикос по 13 години пак е европски шампион!




Кошаркарите на Панатинаикос по цели 13 години повторно го освоија европскиот кошаркарски врв, триумфирајќи во финалето на Ф4 турнирот од Евролигата против Реал Мадрид со 80-95.

Во феноменален меч во кој Реал го имаше под свое првото полувреме а потоа комплетно го снема во вториот дел, Панатинаикос повеќе од заслужено дојде до седмата европска титула во својата историја. Шпанскиот тим во второто полувреме постигна само 26 поени, што е доволен показател за тоталната доминација на Грците во вториот дел од мечот.

A, „кралевите“ одлично го почнаа мечот добивајќи ја првата четвртина со 36-25. Слично се продолжи и во втората четвртина кога во еден момент Реал дојде до предност и од +14 поени. Но, потоа комплетно се разбудија Грците кои презедоа се во свои раце.

Почна Панатинаикос да игра феноменална кошарка и веќе кон средината на третата четвртина ја анулираше предноста на шпанскиот тим, притоа активно преземајќи свое водство кое го контролираше се до крајот на натпреварот.

Во извонредна последна четвртина која Грците ја добија со феноменални 19-31, во која се редеа тројките на Слоукас за предност на Грците, на 2 минути и 29 секунди до крајот, Митоглу погоди за три поени за 76-86. Тоа и дефинитивно беше показател дека Панатинаикос по 13 години конечно повторно ќе ја освои европската титула.  На крајот за конечни 80-95. Сосема заслужено за седма европска титула во својата историја!

Костас Слоукас со феноменален меч заврши со 24 поени, Нан постигна 21 поен а Матијас Лесор заврши со 17 поени и шест скока. Џанан Муса кај Реал заврши со 15 поени, а Серхио Љуљ запиша 12 поени.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: