Пандев објави: Утре е мој последен меч за Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави крај на својата репрезентативна кариера после мечот со Холандија утре попладне од 18 часот во Амстердам, како круна на неговата кариера на крајот од дебитантскиот настап на Еуро 2020 со Македонија.
Пандев го даде деби голот за Македонија на Еуро 2020, наш фудбалер е со најмногу настапи и најмногу голови, по што дојде денот за конечна одлука, нешто што веќе подолго време се најавуваше дека капитенот ќе оди во пензија.
-Ова е мој последен меч за Македонија. Мислам и јас и моите колеги, на чело со селекторот Ангеловски направивме нешто што не знам дали некој ќе го направи. Мислам дека сега после ова Европско првенство е вистински момент да се повлечам. Сакам да им посакам на моите соиграчи пласман на СП. Може да ни донесат многу радости на цела Македонија, зашто се работи за квалитетни играчи, кои играат во големи тимови и заслужуваат да играат на едно СП, рече Пандев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.