Пандо Лазовски по кој се трагаше е пронајден починат

Потрагата по исчезнатиот Пандо Лазовски заврши трагично- тој е пронајден починат.
Семејството се заблагодарува на сите кои се вклучија во потрагата.
-Ви благодарам на сите за споделувањата, за жал потрагата заврши трагично, чичко ми е пронајден починат. Нека почива во мир, пишува Милена Лазаровска на Фејсбук.
Лазовски исчезнал во петокот. Излегол од домот во Топанско Поле во раните утрински часови.
Апелот за помош беше споделен на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.