Папата: Ако не го следи Исус, црквата е само невладина организација

Новиот поглавар на Римокатоличката црква, Франсиск Први повика на чистење на црквата и на послушност на Исус Христос, на својата прва миса во четвртокот велејќи дека Црквата е „само невладина организација“ доколку не прокламира Исус и не сака да го носи неговиот крст.Папата Френсиск Први кој на втората попладневна сесија на конклавите во средата беше избран за нов понтифик, во четвртокот ја имаше својата прва литургија „pro Ecclesia“ (ЗА Црквата) во Сикстинската капела на која учествуваа сите 115 кардинали коишто го избираа.Литургијата беше пренесувана директно на многу италијански телевизии, а истовремено беше пренесувана и на четири големи екрани поставени на плоштадот на Свети Петар.Франсиск Први кого го одликува скромноста и блискоста со народот, не проповедаше на латински јазик, туку на италијански држејќи ја беседата речиси непогледнувајќи во текстот пред него.Обраќајќи им се на кардиналите, Папата забележа дека трите правци на Црквата се движењето, воздигнувањето и покајанието. „Нашиот живот е патешествие, и доколку ние заостануваме, работите не одат, Секогаш мораме да одиме во присуство на Господ и Неговата светлина, секогаш настојувајќи да живееме беспрекорно“, рече 76-годишниот папа Франсиск Први во својата десетминутна неподготвена хомилија (беседа) повикувајќи ги кардиналите, искупите и свештенството да „одат по патот на верата и да ја продлабочуваат и да ја објавуваат“ својата вера.Говорејќи за изградбата на Црквата, Папата потсети дека Исус е „камен аголест“. „Кога не градиме на камен, се случува и она што и на децата кога градат кули од песок. Се уриваат“, рече Френсиск Први.„Тогаш се` се урива, без остатоци. Тие кои не се молат на Исус, му се молат на ѓаволот, Ако не го објавуваме Исус Христос, ја прокламираме световноста на ѓаволот, световноста на злиот дух“, додаде новиот папа често прекинуван со аплаузи.Во петок новозбраниот папа ќе одржи аудиенција со сите кардинали на Римокатоличката црква, а во недела ќе се одржи традиционалната неделна проповед Angelus. Церемонијата на востоличување на понтификот е закажана за 19-ти март, на која се очекува присуството на голем број светски лидери.
МакфаксНовиот поглавар на Римокатоличката црква, Франсиск Први повика на чистење на црквата и на послушност на Исус Хри

Пронајдете не на следниве мрежи: