Папата откри зошто го зеде името Фрањо

“Се изработивте ли?”,  порача Папата Фрањо на првиот состанок пред големата толпа од новинари со што веднаш ги освои. Тој со одбрани и убави зборови говореше за новинарската работа, и покажувајќи колку ја разбира седмата сила за нивната потреба на нови информации, реши да открие зошто го зеде името Фрањо.
Салата Паоло VI. во Ватикан во саботата наутро беше преполна. Речиси шест илјади новинари дојдоа на првата средба со новиот папа, и Светиот Отец беше поздравен со долги аплаузи.
“Ви благодариме за вашата работа во текот на изминативе денови, се изработивте. Знам дека е тешко. Таква е вашата работа, тешка и напорна”, рече Папата. “Но, едно посебно внимание посветувам на вистината, добрината и убавината, а тоа е она што не зближува, затоа што Црквата постои со цел да проповеда за вистината и убавина во луѓето”, рече Папата.
Папата одлучи да открие зошто тој го одбра името Фрањо. “Во моментот кога беа објавени резултатите од гласањето, еден од кардиналите, мој добар пријател од Сао Паоло, Клаудио Хјумес ме прегрна, ме бакна и рече:” Не заборавајте на сиромашните. “Тоа одѕвони во мојата глава, и се разбира, се сетив на Свети Фрањо Асишки” , рече папата.
“Се сетив и колку војни има и колку на светот му е потребен мир. Ете зашто е Фрањо – за мир и за сиромашните”, откри Бергољо.
 Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.”Се изработивте ли?”,  порача Папата Фрањо на првиот состанок пред големата толпа од новинари со што веднаш

Пронајдете не на следниве мрежи: