Врховниот совет за национална безбедност на Иран ќе донесе конечна одлука дали да се затвори Ормутскиот теснец, соопшти денес иранската телевизија Прес ТВ, откако парламентот наводно ја одобри мерката.
Одлуката за затворање на теснецот, низ кој минуваат околу 20 проценти од глобалната побарувачка за нафта и гас, сè уште не е конечна.
Сепак, пратеникот и командант на Револуционерната гарда, Есмаил Косари, денес изјави пред Клубот на млади новинари дека затворањето е „на дневен ред“ и дека „ќе се спроведе секогаш кога ќе биде потребно“.
Министерот за надворешни работи на Иран денес изјави дека Иран ќе се брани „со сите средства“ по нападите на САД врз клучните локации на иранската нуклеарна програма.
– Исламската Република Иран ќе продолжи да ја брани својата територија, својот суверенитет, својата безбедност и својот народ со сите потребни средства – рече Абас Аракчи на маргините на состанокот на Организацијата за исламска соработка (ОИС) во Истанбул.

– Мојата земја беше нападната, беше извршена агресија и ние мора да одговориме во самоодбрана. Ќе го сториме тоа – предупреди тој.
Пронајдете не на следниве мрежи:



