“Партизанска“ и утре затворена за сообраќај

Заради градежни работи на булеварот “Партизански одреди“ во Влае и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, викендов има привремен сообраќаен режим. Денес од 8 часот наутро е затворен бул. “Партизански одреди“ на потег од крстосницата со ул. “Никола Парапунов“ до мостот Влајко, во правец од Центар кон Ѓорче Петров. Сите возила и автобуси кои се движат од Центар кон Ѓорче Петров се пренасочуваат по улиците “Московска“ и “Васил Чакаларов“ или по улиците “Скупи“ и “Ацо Шопов“.
Утре бул. “Партизански одреди“ во насока од Ѓорче Петров кон Центар ќе биде целосно затворен за сообраќај. Сите возила и автобуси на ЈСП ќе се пренасочат по улиците “Васил Чакаларов“ и “Ацо Шопов“.
-Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, велат од Град Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.