Партијата на Мицковски продолжува да се цепа по сите шевови

Не поминува ден без сериозна афера и удар врз некогаш најголемата политичка партија во Македонија. Вчера почна да се цепа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со јавни изјави од пратениците дека нема да гласаат за промена на Уставот и дека нема да ни го сменат името на државата. Се разбира компромитираните пратеници кои веќе во јавноста се прозвани и по име и презиме си молчат. А во нив е клучот за оваа наша држава (е Груевски, Груевски гледаш ли сега како се ти се мавна од глава?) 
Денеска пак имаше нов удар врз партијата. Имено „урбаниот“ (според негови самоспознанија и созерцанија) лик Богданов смета дека „сељаците“ немало да излезат на референдум, ама затоа урбаните ликови на партијата ќе излегле. Се разбира ова самоепитетирање е во најдобриот манир на кралицата од приказната Снежана и седумте џуџиња, кога истата се гледа во огледалото и очекува тоа да и потврдува секојдневно дека е најубава во свет. Е така ми ти се разболел и „урбаниот“ Богданов. Растура. Да, да растура. Ја растура партијата а Мицковски молчи. Прашање е зошто молчи па во негово име мораше да интервенира Каракамишева. И таа беше жестока нарекувајќи го Богданов полтрон и лигавеш на странците. 
Прашање е дали партијата преминува во движење кое нема политичко влијание и кое нема јасно изграден став по ниедно круцијално национално прашање. Уште помалку јасна идеолошка линија. Имено, секаде во светот десничарските и конзервативни партии своите најсилни упоришта ги имаат во помалите места за разлика од големите центри кои по дефиниција се либерални. Како што може да видиме Богданов е претставник на некоја либерална струја (се збори и Мицковски дека дошол од слична идеолошка група, т.е. партија) која сосема ја разводнува животната енергија на партијата. И како што може да се види сака да се бори за гласовите на Либералната партија како и Либерално демократската партија. Според ова што го манифестира не е далеку денот кога ќе ги прифатат и ЛГБТ барањата како легитимни, можеби и дел од партиската програма. Но, дотогаш ќе останат со политичко влијание токмиу како и Либералната партија.
Сепак во Македонија традиционалните вредности им се најважни на Македонците. А што се однесува до руралните средини, таму се живее убаво, се одгледува квалитетна храна и луѓето се далеку повеќе луѓе и посреќни. Ама што знае либерал од Стразбур за сето тоа?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.