Патник и очевидец раскажува што точно се случило во петокот над Скопскиот аеродром

Во петокот во Македонија, а особено Скопскиот регион владееше невреме проследено со силен дожд. Медиумите јавија за проблем на авион од компанијата “Туркиш”, кој не можел да слета поради невремето, па се вратил во Истанбул.
Медиумите шпекулираа и со некаква паника која завладеала во авионот, но според патникот во авионот Глигор Митковски, тоа не било воопшто така. Тој во статус на социјалните мрежи, објаснува што точно се случило:

,,Вака изгледаше небото во петокот попладне кога со А319 на Turkish Airlines бевме во холдинг чекајќи подобрување на времето во приодна зона на аеродром Скопје. Од друг агол, кога веќе немав батерија за фотографирање, го видов облакот кој беше „проблемот“ што не слетавме.
Стануваше збор за силно развиен Cb, точно позициониран меѓу Велес и аеродромот. Само нездрав пилот би се обидел да слета во таа ситуација.
Пилотот професионално и паметно си донесе одлука да не слета на скопски аеродром. Паника во авион немаше, попрво би рекол дека сите беа супер присебни, дури изненадувачки за народ од ова поднебје.”

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.