Патнички автобус во Србија се превртел и слетал во канал

Патничкиот автобус излетал од патот во Нова Пазова, во близина на излезот за Старе Бановце, објави српските медиуми.

Според првичните информации, за среќа, нема повредени, но автобусот е тешко оштетен.

По слетувањето, автобусот останал да лежи настрана во канал покрај патот.

Во овој момент не се познати деталите за сообраќајната несреќа и како се случило автобусот да излета од коловозот.

Пронајдете не на следниве мрежи: